20th January 2017 Skopje, North Macedonia
Записи во дневникот 26 август 2027 година
Во висините на Шар Планина воздухот има вкус како шампањ. По пет часови насладување, бевме уморни, но среќни од нашата прошетка.
Драго ми е што сум повторно назад во Македонија. Последен пат пешачев на Шар Планина пред девет години. Тогаш, додека служев како британски амбасадор во Скопје прошетките како оваа денес ми беа прибежиште број еден за мене и семејствтоо, нашата омилена авантура во природа. Сега, во 2027 година, годината во која Македонија е домаќин на Младинските олимписки игри, се враќам назад, со моето семејство, како гости на свадбата на ќерката на наши пријатели во Македонија – едни од многуте што ги стекнавме во земјата позната по своето гостопримство и пријателски однос.
Колку многу е сменета земјата! Разликите се очигледни. Неодамна во Форин Офисот во Лондон читав просветлувачки извештај за Македонија од сегашниот амбасадор во Скопје. Во него, тој пишува за она што го нарекува „деценија на Македонија.“
Пред шест години владата на Македонија аплицираше да биде домаќин на Младинските олимписки игри во 2027 година, и покрај силните критики од оние што мислеа дека има поголеми приоритети. Дури и меѓу поддржувачите на апликацијата, имаше малку верба дека Македонија ќе успее. Спектакуларната церемонија на затворањето на Угрите оваа недела, беше шлагот на прекрасниот фестивал на спорт и млади луѓе, и ја покажа оваа млада и амбициозна балканска земја во најдобро светло.
Историјата на Македонија од нејзината независност во 1991 година не беше лесна. Земјата имаше високи амплитуди (уникатното мирно излегување од пораншната Југославија) и ниски амплитуди (конфликтот од 2001 година). Неколку години по конфликтот од 2001 година, Македонија беше првата балканска земја што се стекна со ЕУ кандидатски статус. Но, неполна деценија подоцна беше заглавена во длабока политичка криза. И низ сето ова, над Македонија висеше и ја закочуваше она што изгледаше како претешко прашањеза името со Атина.
Одличниот напредок во изминатите десет години може да се препознае во обврските кои ги презема владата формирана по изборите во декември 2016 година. Овие избори беа договорени од политичките лидери како прв чекор за излез од кризата. А новата влада ја зграпчи можноста со својот визионерски план за „Македонија: Национална стратегија за сите нејзини граѓани.“
Тој чекор го донесе она што беше познато на Балканот како „деценија на Македонија.“ Низ овие десет години, последователните македонски влади напорно работеа да ги исполнат и развијат амбициозните цели на Националната стратегија. Како резултат на ова, не само што земјата ги виде придобивките: одличното лидерство на Македонија се копираше насекаде во регионот, правејќи значаен придонес кон евро-атлантскиот напредок. Регионот не е повеќе примател на безбедност. Сега значајно придонесува кон колективната европска безбедност.
Секако, договорот од 2020 година со Атина за прашањето за името беше основа за многу од ова. Постигнувањето на овој договор и неговото запечатување бараше значителна политичка храброст од двете страни. Но, по шест години скоро сите го гледаат како добра работа, не само што затоа што конечно го отвори патот – заедно со реформите што следеа по изборите во 2016 година – за членство во НАТО и отпочнување на преговорите со ЕУ. Македонија не е повеќе во кошот на „тешки прашања.“
Но, иако договорот од 2020 година ја отвори вратата, всушност посветеноста на владата кон реформи го забрза евро-атлантскиот напредок. Клучно за ова беше зголемената доверба на луѓето во нивниот правосуден систем. Ги нема повеќе рутинските сугестии дека чувствителните судски одлуки се под политичко влијание. Новостекнатата репутација на Македонија за брилијантност во владеењето на правото, изградена преку постојан фокус на зајакнување на независноста и непристрасноста и нулта толеранција за корупција на сите нивоа, најмногу беше пречекана со ентузијазам од бизнис секторот. Секако е еден од најсилните аргументи во привлекувањето на странски директни инвестиции. А малите и средните претпријатија цветаат.
Токму економскиот развој на Македонија ги натера луѓето низ Европа да ја забележат. Земјата е конкуретна подолго време во регионот. Но, на старт-ап сцената во Скопје и центрите во Тетово, Битола и Штип, им завидува цел Балкан. Овие центри ги подигнаа регионалните економии особено меѓу младите луѓе. И се заслужни за зајакнувањето на меѓународниот профил на Македонија на начин што со пари не може да се купи: Збор, апликација развиена од софтвер старт-ап во источна Македонија сега има повеќе корисници од Скајп и Фејстајм заедно.
Економскиот успех исто така растеше и придонесе кон посилен и поконструктивен однос на етничките Албанци и етничките Македонци. Бизнисите брзо го искористија подобрениот пристап до регионалните пазари што произлезе од Договорот за трговска размена во Западен Балкан од 2019 година. Имаше неколку особено мудри соработки помеѓу етничките албански и етнички македонски бизнисмени кои меѓусебно си ги надополнуваа вештините и го користеа олеснатиот пристат до регионалните можности за извоз. А иновативниот пристап на владата за поддршка на претприемачите резултираше во некои иновативни решенија. Соработката помеѓу Велс и Македонија за обновлива енергија, преку поддршка на Британскиот Совет, ја смести Македонија во горните места на европските произведувачи на ветерна и соларна енергија.
Туризмот исто така имаше свој придонес. Турите на Дојранскиот фронт се редовен елемент на британските туристи кои ја посетуваат Македонија.А при неодамнешна посета Секретарот за надворешни работи го посети малешевскиот регион во североисточна Македонија да ја посведочи соработката на шкотските и македонските претприемачи за унапредување на планинскиот туризам. Охрид, кој секогаш е туристичка атракција, се прикажа во најдбро светло со својата позиција, со неговата извонредна историја и архитектура, да биоде еден од најдобрите меѓународни дестинации во Југоисточна Европа. Инаку, ова успеа да го направи во исто време мудро заштитувајќи ги своите најсилни адути – неговата грандиозна природа и еколошка убавина.
Оваа фантастична приказна се прикажа со полн погодок на Игрите оваа недела. Новата премиерка на Македонија ми кажуваше за нејзината гордост за се она што Македонија го постигнала во изминатата деценија, и како цврстите темели за овој развој се во големите амбиции и во извлекувањето на најдоброто од различноста во луѓето. Таа разнобразност е видлива во три, многу различни места. Додека во Скопје се одвиваше најголемиот дел од дејството и беше брилијатно, Тетово исто така импресионираше. До 2017 година Тетово беше на врвот на најзагадените градови во Европа; но, од 2022 година привлекува позитивно внимание за одличното еколошко прочистување. Како домаќин на полумаратонот и на планински велосипедизам, Тетово ја заокружи одличната изведба. Охрид, секако беше спектакуларен за триатлонот и веслањето.
Историјата на Македонија ретко била лесна. Но „Деценијата на Македонија“ беше деценија на успех, одлично прикажана во успехот на Игрите, натпревар дека Меѓународниот Олимписки Комитет ја пофали Македонија за поставување на „нови високи стандарди.“ Тешко дека следниот домаќин ќе има подобра изведа.
#Macedonia2027 #Македонија2027