Paul Edwards

Deputy Head of Mission, British Embassy Skopje

Guest blogger for UK in North Macedonia

Part of UK in North Macedonia

27th October 2017 Skopje, North Macedonia

Зошто некој би направил човек-лав?

Photo credit BBC webpage, Lion Man Living With The Gods: The Beginnings of Belief. (© Museum Ulm, photo: Oleg Kuchar, Ulm)
Photo credit BBC webpage, Lion Man Living With The Gods: The Beginnings of Belief. (© Museum Ulm, photo: Oleg Kuchar, Ulm)

Во неговите емисии на Би-Би-Си радио „живот со боговите“ британскиот историчар Нил Мекрегор раскажува за религизионите предмети од минатото. Неговата приказна започнува во пештера пред некои 35 до 40 000 години.

Во таа пештера,  маж или жена од каменото време седи со заб од волнест мамут во своите раце. Нејзиниот живот и животите на луѓето од племето на кое му припаѓала зависело од лов на животни, правење на облека и собирање на бобинки, корења и лисја. Набавката на храна во тоа време боло макотрпна работа, во која секој морал да учествува. Сепак, ова лице во оваа посебна пештера имало и друга работа на ум. Нејзината задача била да ги искористи камените орудија кои ги имала на располагање да го исклеса забот во фигура со глава на лав, што не било лесна задача. Двајца луѓе неодамна се обидоа да го реплицираат предметот со истите орудија што биле достапни пред 35 000 години. Само за да ја извадат коската од вилицата им биле потребни десет часа, за основната форма им требале двеста часа и за целосната изработка на репликата им требало повеќе од 370 часови.  Многу долг период за човек од каменото време да не биде продуктивен, да не бара храна, вода или да прави облека. Зошто некој би го направил?

Најлогичната теорија е дека оваа фигура била поврзана со некаков систем на верување. Можеби ова било претстава на богот или светиот дух на племето – фигура која би можела да ги заштити од зло или да им донесе среќа. Јасно е дека било нешто за кое вредело да се потрошат 370 часови да се изработи.

Приказната има епохална вредност, релевантна и денес. Со неа се покажува дека религиозните или духовните верувања биле битен дел од човековото постоење уште пред пишаната историја. А вербата, од каков било вид, денес е сеуште битна на 5.8 милјарди луѓе според една неодамнешна демографска анкета.

Оваа приказна исто е битна на овој ден – 27 октомври, затоа што денес е Меѓународниот ден на верските слободи. Денес сите ние низ светот се потсетуваме дека слободата да се има религија или верба, и да се следи и да се практикува, е основно човеково право. Исто така треба да се потсетиме дека ова право честопати се злоупотребува.

За жал многу влади донесуваат закони против бласфмеија со кои се казнуваат лицата кои ја практикуваат религиите на малцинствата во таа земја. Премногу луѓе низ светот страдаат од прогон, заплашување или насилство само затоа што веруваат во нешто различно од мнозинството. Властите во многу земји со леснотија ги ограничуваат религиозните практики и ги уништуваат храмовите или верските симболи.

Јас, иако немам религиозно верување – и тоа е мое право, силно го поддржувам правото на секој да има и да може да ја практикува својата религија се додека таа не поттикнува насилство, омраза или ги повредува другите.

Во октомври 2016 година, британскиот Форин Офис беше домаќин на значајна конференција каде се дискутираа прашањата за религија и вера. Учесниците на конференцијата укажаа на огромен број докази кои покажуваат дека инклузивните општества во кои луѓето имаат можност да ја практикуваат својата религија и верувања, се помалку склони кон екстремизам. Ограничувањето на слободата може да води кон тоа религијата да се користи како изговор за насилство. Британската влада е посветена на својата работа да обезбеди религиозна толеранција и слобода во Обединетото Кралство, и користи дипломатски притисок кон оние земји кои со леснотија ги злоупотребуваат правата на другите на овој начин.

Без разлика дали си припадник на јудаизмот, христијанството или исламот, хиндуизам, таоизам, будизам или сик, дали си припадник на една од многуте религии – или пак немаш религија – твоето право да веруваш е основно право и твојот избор во што да веруваш е само твое. Никој нема право да те присилува да веруваш во нешто различно или да ти го ограничува изразувањето на твојата религија. И како што покажува човекот од каменото време, што го исклеса човекот-лав, да се има вера или верба е основна човекова потреба што постои најмалку 35 000 години.

Белешка: фотографија од фигурата на човекот-лав што сега се чува во Улм Музејот во Германија може да се најде во текстот на Википедија „Човекот-лав.“